Театар и филм

Македонскиот филм е првиот што е номиниран и за најдобар документарец и за најдобар меѓународен филм, вели Њујорк тајмс.

24 Јануари 2020 - 22:13

Во кино „Одеон" во Софија вечер од 18.30 часот ќе биде прикажан филмот „Манаки – приказна во слики" во режија на Роберт Јанкулоски, кој ја прикажува фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, првите сниматели на Балканот.

23 Јануари 2020 - 08:35

Џонс, на кого во 2015 година му беше дијагностицирана деменција, беше главната режисерска сила на филмовите на Монти пајтон, како и плоден креатор на ТВ-документарци и книги за деца.

22 Јануари 2020 - 14:22

Познатата холивудска актерка Џејми Ли Кертис на своите профили на Инстаграм и на Твитер објави дека „Медена земја" е зачудудувачки филм.

19 Јануари 2020 - 12:07

Театар Комедија соопшти дека минатата година имал рекордна посетеност односно 46.609 гледачи и 179 изведени претстави. Ансамблот на овој театар во 2019 имал пет премиери – четири на големата сцена и една на мала сцена.

17 Јануари 2020 - 13:23

На 25 јануари на специјална проекција во словенечката Кинотека, првпат во Љубљана ќе се одржи проекција на „Медена земја". Филмот кој е наш двоен кандидат за „Оскар" ќе биде прикажан само еднаш и тоа како дел од фестивалот „балКам". На проекцијата ќе биде присутен и дел од тимот кој работеше на филмот. 

16 Јануари 2020 - 11:09

Првиот македонски семеен долгометражен филм за деца „Стела", режисерот Стојан Вујичиќ и продуцентот Огнен Антов го најавуваат на пролет 2020 година во земјава. По двегодишни интензивни подготовки и завршено снимање во текот на летото и есента, продукциската куќа „Дрим фектори", заедно со режисерот Стојан Вујичиќ се задоволни од досега снименото за овој игран филм. Снимањето се одвивало на територијата на нашата држава во Скопје, потоа продолжило во живописниот Галичник, за да заврши во Штутгарт, Германија.

27 Декември 2019 - 13:09

Од денеска до 22 декември во Кинотеката ќе се одржува 9. Меѓународен филмски фестивал за анимирани филмови „Анимакс Скопје фест“, годинава под мото „Од дел до цел“.

20 Декември 2019 - 07:39

Кинотеката синоќа свечено ја одбележа 25-годишнината од премиерата на „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, најуспешниот и најзначајниот игран филм во македонската кинематографија, со промоција на мапа со репродукции на постерите од светската дистрибуција на филмот и со проекција на филмот.

19 Декември 2019 - 13:02

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ е на потесниот список на потенцијални номинации за најдобар меѓународен долгометражен филм и за најдобар документарец, кој го објави Американската филмска академија за 9 категории. На 13 јануари ќе се изберат по петте што ќе бидат номинирани за Оскар.

17 Декември 2019 - 07:44

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер ќе ја изведе премиерата на театарската претстава „Аудиција" од Александар Галин во режија на Благој Мицевски.

14 Декември 2019 - 11:04

Краткиот филм „Налепница", сценарио и режија на Георги М. Унковски, во продукција на Синема Футура, а финансиран од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, e избран во официјалната селекција на Санденс 2020.

11 Декември 2019 - 14:48

Алтернативниот театарски перформанс „Актер човек“, што една година е активен во Скопје, од 19 декември ќе биде на редовниот репертоар на Интернационалниот театар во Приштина „Фарук Беголи”. Публика ќе има можност да ја гледа претставата еднаш месечно.

10 Декември 2019 - 12:06

Документарецот „Медена земја" освои две престижни признанија на 35. Интернационални документарни награди ИДА, што се одржаа вчеравечер (7 декември) во студијата на „Парамаунт" во Лос Анџелес. На најпрестижниот светски настан посветен на документарниот филм, кој е во организација на ИДА (Интернационалната документарна асоцијација) режисерот Љубо Стефанов и снимателот Фејми Даут ги примија: призанието „Pare Lorentz" („Паре Лоренц") и наградата за најдобра кинематографија.

08 Декември 2019 - 14:45

Временската рамка во филмот „Врба“ скока од Средниот век до денес, со тема за мајчинството, која е безвременска и универзална, оценува прославениот филмски магазин „Холивуд Репортер“ во рецензијата за последното филмско остварување на Милчо Манчевски.

06 Декември 2019 - 11:09

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе