Музика

Дуетот Лина_Раул Рефри (LINA_RAÜL REFREE), Кајхан Калхор (KAYHAN KALHOR) и Силвија Перез Круз (SILVIA PEREZ CRUZ) се првите големи имиња што најавуваат исклучително возбудливо издание на Oффест. Годинешниот 19. Oффест ќе се одржи од 2 до 6 јуни во Скопје.

24 Јануари 2020 - 08:40

На 24 јануари (петок) со почеток во 12 часот во Малата концертна сала на Факултетот за музичка уметност во Скопје ќе почне одбележувањето на 20-годишнината на архивот БузАр 2000–2020 (Архив Бужаровски) на кое премиерно ќе биде прикажано документарното видео за доајенот на македонската народна музика, виолинистот, аранжер и композитор Благоја Дескоски.

22 Јануари 2020 - 11:56

„Ѕвездена музика“ е насловен концертот на оркестарот на Филхармонија кој ќе се одржи в четврток во 20 часот. На програмата е инспиративната компилација на едно од најзначајните дела во историјата на музиката – „Прстенот“ на Рихард Вагнер, како и впечатливиот концерт за тромбон и оркестар „Старгејзер“ од Џонатан Дав. Диригент е Тимоти Редмонд, а солист Питер Мур од Велика Британија.

20 Јануари 2020 - 11:20

Младинскиот културен центар в сабота, 18 јануари, ќе ја отвори новата сезона со манифестацијата „Роденден на уметноста" што ќе ја организира осми пат.

16 Јануари 2020 - 10:47

Со изведување на композиции од Бетовен, Шуберт и Мошковски, во четврток со почеток од 20:00 часот во концертната сала на ФМУ, ќе настапи пијано дуото составено од професорот Зоран Пехчевски и Теодора Нарашанова. Тие на концертот ќе изведуваат композиции за пијано за четири раце напишани од Сен-Санс, Мусоргски, Реге и Бах.

06 Јануари 2020 - 08:06

Македонската оперска дива Ана Дурловски по новогодишниот празничен концерт на минхенскиот радиски оркестар беше бурно поздравена од присутната публика (1.500). Таа беше главна ѕвезда на Новогодишниот концерт на минхенскиот радиски оркестар.

04 Јануари 2020 - 17:18

Во екот на претпразничните денови, ликовите од детскиот едукативно-музички серијал „Дајте музика“, се фатија за хумана работа.

30 Декември 2019 - 16:33

 Албумот на македонскиот пијанист Симон Трпчески, „Сказни од Русија“, доби максимални пет ѕвездички од престижното британско списание „Би-Би-Си мјузик магазин“. Самостојниот албум на Трпчески е издаден под британската етикета „Оникс“.

30 Декември 2019 - 13:51

Во македонскиот Културно-унформативен центар во Софија денеска ќе се одржи „Новогодишен концерт" на Шкељзен Бафтиари (пијано), Бесиана Мехмеди (мецосопран) и Шкодран Толај (тенор). На програмата на концертот се познати композиции од класичната музика.

30 Декември 2019 - 12:22

Philosophical Meditations е петтиот албум на триото Post Global Trio, а прв за јапонската независна издавачка етикета Alien Garage.

27 Декември 2019 - 07:38

Албумот насловен „Bedtime Stories” на младата група Lincoln Letter ќе биде концертно промовиран в недела, на 29 декември во МКЦ. Концертот ќе се одржи во 20 часот во Денсинг салата во МКЦ, влезот е слободен за сите посетители.

26 Декември 2019 - 21:33

Мешаниот аматерски хор на КУД „Стив Наумов" – Битола е првиот, најстариот македонски хор, формиран само два дена по 4 ноември, денот на ослободувањето на Битола, односно на 6 ноември во 1944 година. Пред 75 години, борците на Седмата македонска ударна бригада – Битолска, сакајќи што побрзо да се чуе слободна македонска песна, на плоштадот во Битола и под диригентство на Тодор Скаловски приредуваат музичка програма со хорски композиции.

26 Декември 2019 - 08:34

Министерот за култура Хусни Исмаили синоќа во Националната опера и балет присуствуваше на премиерната изведба на првата опера на албански јазик „Скендербег“ од композиторот Фатос Лумани.

24 Декември 2019 - 09:08

Ансамблот „Јаношка" од Австрија ќе настапи со оркестарот на Филхармонија в петок во 20 часот на гала новогодишниот концерт „Слушни!Доаѓа Новата...". Со оркестарот ќе диригира маестро Борјан Цанев.

23 Декември 2019 - 10:16

Ансамблот за народни игри и песни на Македонија  „Танец" со новогодишен концерт ќе одбележи 70 години постоење. 

20 Декември 2019 - 11:13

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе