Ликовна уметност

Ликовниот уметник Страхил Петровски утре во Македонскиот културно-информативен центар во Њујорк ќе се претстави со мултидисциплинарниот проект ACTION/REACTION/WOR(L)D.

04 Јануари 2020 - 09:27

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски синоќа ја врачи Големата годишна награда за архитектура во 2019 година за основното училиште „Киро Глигоров" на Бесиан Мехмети, Стефан Атанасоски, Никола Кунгуловски и Арменд Хебипи.

27 Декември 2019 - 07:28

Црна лента беше поставена на белите и празни ѕидови од изложбениот салон во Мала станица. За вчера беше најевно отворањето на годинашната изложба на Друштвото на ликовни уметници. Годинава 74 уметници, чии дела требаше да бидат изложени, на овој начин го изразија својот револт кон политиките на Министерството за култура. Нивните дела се само дел од каталогот за изложбата.

26 Декември 2019 - 08:51

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер од 20 часот во мултимедијалниот центар Мала станица ќе ја отвори годишната изложба на која учествуваат 73 автори негови членови.

24 Декември 2019 - 08:08

Во галеријата Чифте амам вечер од 19 часот ќе биде отворена мултимедијална инсталација со видеодела, насловена „Свадбениот пат" на авторката Кристина Пулејкова.

19 Декември 2019 - 08:30

Кон „Свадбениот пат" на Кристина Пулејкова.

17 Декември 2019 - 06:55

„Дела на хартија“ е прва самостојна изложба на Стефан Младеновски, апсолвент на Факултетот за ликовни уметности на одделот графика, која вечер од 20 часот ќе биде отворена во галеријата на Младинскиот културен центар.

12 Декември 2019 - 10:39

Во Букурешт денеска е откриена спомен – бистата на познатиот македонски сликар, Никола Мартиноски.

11 Декември 2019 - 11:49

Изложбата „Влијанијата на Париската школа врз основоположниците на македонската модерна уметност“ од колекцијата на Националната галерија вечер ќе биде отворена во Амбасадата на Република Северна Македонија во Република Франција.

10 Декември 2019 - 10:19

Ликовна манифестација на тема „Творење и креирање дела од отпад од пакување“ ќе се одржи денеска во Кинотеката на Северна Македонија.

06 Декември 2019 - 10:12

Академските сликари од Турција Фатон Кријезиу, Али Синани и Шабан Олан заедно со ликовните уметници Нермин Чеман од Црна Гора, Немања Величковиќ од Србија и македонските сликари Крсте Шупев и Филип Новески, синоќа во ресенскиот Сарај изложија дел од своето уметничко творештво.

05 Декември 2019 - 10:24

Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен, домаќин и организатор на 6. Меѓународна балканска изложба „Мост“, вечер ќе отвори изложба на академските сликари Фатон Кријезиу, Али Синани и Шабан Олан.

04 Декември 2019 - 10:07

Ликовна изложба со делата од деветтата ликовна колонија „Љубанци 2019“, вчера беше отворена во големата сала на Општина Бутел.

03 Декември 2019 - 10:45

На 3 декември во 19 часот ќе биде отворена самостојна изложба на ликовната уметница  Петра Јовановска со наслов „ Зад границите на кругот“ во изложбениот простор на Галеријата при НУ Музеј на град Куманово. Изложбата свечено ќе ја отвори амбасадорот на Чешка Мирослав Томан.

01 Декември 2019 - 10:49

Сто и дваесет графики создадени од четириесетина млади и талентирани уметници од земјава и регионот во наредните две недели ќе бидат изложени во Музејот на Град Скопје. Станува збор за триеналето на графичката работилница „Софија – Богданци“, кое се одржува по четврти пат.

28 Ноември 2019 - 12:44

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе