Чоколадни коцки со ореви

Приготвување:

Ставете ги чоколадата, млекото и путерот во стаклен сад и загрејте ги во микробранова печка (или на пареа) 90 секунди. Измешајте за да добиете еднолична смеса и грејте ги уште 15 секунди ако треба.

Додајте го екстрактот и промешајте. Додајте ги оревите.

Префрлете ја смесата во тава обложена со мрсна хартија и измазнете ја со лопатка. Одозгора украсете со останатите ореви. Ладете го колачот во фрижидер најмалку неколку часа. Исечете го на коцки и чувајте во херметички сад во фрижидер до една недела.

Состојки:
400 г темна чоколада, скршена на парчиња

400 мл засладено кондензирано млеко

60 г путер

1 лажичка екстракт од ванила

100 г сечкани ореви, плус околу 2 лажици за украс

Објавено

Четврток, Септември 26, 2019 - 15:07

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе