МВР билтен

Едно лице уапсено, против друго е поднесена кривична за дрога

Кај млад гостиварец и скопјанец, во одделни случаи, е пронајдена марихуана.

На 13.01.2020 околу 23.45 часот во гостиварското село Градец, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода С.А.(22) од сeлоТоплица, гостиварско, затоа што при прегледкај него била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Б.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштење во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 18.05.2019 на ул.,,Македонски просветители” во Охрид, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило во кое се наоѓал С.Б. од Скопје и кај него пронашле и одзеле марихуана, која претходно ја набавил од пријавениот.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе