Концепт вижн ин

Шкода никако да се измори од кросоверите (ФОТО)

Чешката компанија објави дизајнерски скици на концептот вижн ин кој ќе има премиера на саемот на автомобили во Њу Делхи на почетокот на февруари.

Станува збор за концептно возило кое најавува сериски компактен кросовер за индискиот пазар. Сериската верзија ќе вози на ем-кју-би А0 механичката платформа на Фолксваген групацијата, а во продажните салони ќе се појави до крајот на годината.

Шкода не објави многу детали за возилото, освен дека ќе биде долго 4,26 метри, што значи дека автомобилот ќе биде подолг од европскиот карок а пократок од камикот.

Надворешноста на концептот вижн ин го има карактеристичниот дизајн на Шкода типичен за новата генерација автомобили на чешката марка. Предните светла се поставени високо и се составени од два дела.

На предниот дел доминира големата маска и отворите за воздух кои на возилото треба да му дадат поагресивен изглед.

Како кај повеќето концептни возила, дел од дизајнерските решенија ќе бидат отфрлени од практични причини, а тоа сигурно ќе им се случи на кваките кои се вовлекуваат во вратите.

Внатрешноста е дизајнирана минималистички, речиси без копчиња, но со голем централно поставен екран на врвот на централната конзола. Дигитална е и иснтрумент таблата, а специфичен дизајн имаат страничните вентилациски отвори.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе