Фолксваген се прости од легендарната буба и ја најави електричната иднина (ВИДЕО)

Многу малку автомобили можат да се мерат со култниот статус  на фолксваген буба, но сите нешта го имаат својот крај, па Германците минатата година го најавија крајот на производството на легендарното име.

Во меѓувреме тие ова го прославија во неколку пригоди, а последната е преку анимиран краток филм наречен „Последната милја“.

Филмот раскажува приказна за љубител на бубата, од детството до стара возраст, а врз целиот негов живот влијае присуството на бубата. Во филмот има моменти од поп-културата и се појавуваат Енди Ворхол и ликот на Кевин Бејкон од „Футлус“, и има детали од стари рекламни кампањи.

„Бубата е еден од најпрепознатливите модели во историјата на автомобилите. Правилното оддавање почит бараше медиум со повеќестраност и универзална привлечност како на самиот автомобил. Иако класичната буба е одбрана за ѕвезда на анимацијата, и новите две генерации го имаат своето влијание врз целата приказна. Ние сме горди на своето минато, но гледаме кон иднината – кон претстојните електрични возила“, се вели во соопштението на Фолксваген.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе